Реализација на “Основен курс за апликација ГИС во наставата на ВА“

Во периодот од 03-31 Март на Воената академија отпочна со реализација на “Основен курс за апликација ГИС во наставата на ВА“, во соработка со ГДи Скопје врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ВА и ГДИ Скопје. Инструктори на курсот се професионалци од ГДи-Скопје во координација со доцент д-р Александар Петровски, мајор, професор на КВНиВ, кои целосно ќе ја реализираат основната обуката.

Целта на курсот е запознавање и совладување на основните знаења и вештини за работа со ГИС софтверот и негова апликација во наставата на ВА. На курсот слушатели се вработени од ВА кои имаат директна потреба за примена на соодветниот софтвер во реализацијата на наставата на Додипломските студии на ВА, Курс за Командири на чети, Курсот за штабни офицери и Командано штабна школа на ВА.

Со успешно завршување на основната обука слушателите ќе добијат сертификат за основна обука за апликација на ГИС и ќе стекнат со право да присуствуваат на “Напреден курс за апликација на ГИС во наставата“, планиран за реализација во втора половина на Септември и Октомври 2020 на ВА.

Picture1