Реализирано учество на вежба: ,,Транспорт на радиоактивни материи” во институцијата Биотек

Питомците од родот АБХО земаа учество на вежба:  ,,Транспорт на радиоактивни материи” во институцијата Биотек, која има дозвола за вршење на транспорт на радиоактивни  материи за други потреби издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност.

За време на вежбата, питомците имаа можност да ги видат возилата наменети за транспорт на радиоактивни материи (класа 7), начин на транспорт, опремата која ја поседуваат лицата вклучени во транспортот, заштита  на  радиоактивните извори, типот и начинот на пакување на радиоактивните материи како и безбедно и сигурно транспортирање до крајните корисници.