Реализирана иницирачка планирачка конференција за подготовка на вежбата „Спасување во случај на поплави предизвикани од поројни дождови“

Како дел од проектот РЕСИСТАНТ a во контекст на целите на работниот пакет 3 (WP3) и активностите на Случај за употреба (Use case 3), во среда на 24.11.2021 година Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“Скопје во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, организира и реализира инициирачка планирачка конференција за подготовка на вежбата „Спасување во случај на поплави предизвикани од поројни дождови“.

Целта на иницирачката планирачка конференција беше да се започне со подготовка на вежбата, да се развие нацрт-сценарио, да се дефинира мултидисциплинарниот тим за планирање и подготовка на вежбата, да се дефинираат целите за секоја област што треба да се вежба, скицирање на главните настани од вежбата и поврзаните редоследни активности, одредување на надворешните институции кои треба да земат учествово на вежбата, дефинирање на капацитетите потребни за вежбата и согледување на нивната достапност.

resistant

За време на иницирачката планирачка конференција, од страна на претставници од KONNEKT-ABLE TECHNOLOGIES LIMITED, Greek Branch (KT GR), кои се партнерска институција во проектот беше реализирана обука, како да се користи платформата за управување во итни случаи CONCORDE и како да се врши управување со инцидентите за време на вежбата.