Реализирана работилница со наслов „Обука за обучувачи за методологија за подобрување на наставниот процес“

Во периодот 26-30.11.2018 година, во просториите на Воената академија (ВА) беше реализирана работилница со наслов Обука за обучувачи за методологија за подобрување на наставниот процес “. Работилницата беше организирана во рамките на Проектот за унапредување на образованието во одбранбениот сектор.

Оваа работилница е продолжение на претходните 3 работилници:

  • “Методологии за изведување на настава” која се одржа во период од 12 -16 Февруари 2018 година;
  • “Развој на наставни програми” која се одржа во период од 19 -23 Март 2018 година;
  • “Проценка и евалуација на наставата и наставниот процес” која се одржа во период од 16 -20 Април 2018 година.

За време на првата од трите планирани работилници, и следните 2 (две) кои ќе се реализираат во 2019 година,  5 (пет) претставници од Воената академија се обучуваат за во иднина да изведуваат обуките со нововработените/новоизбраните професори и соработници од Воената академија.