Реализирана работна посета на Воено-морското училиште „Никола Јонков Вапцаров“ од Варна, Бугарија

Во периодот од 17.12. до 20.12. 2018 година, претставници од Воената академија на чело со деканот полк. д-р Орце Поповски, ред. проф. и продеканот полк. д-р Митко Богданоски, вон. проф.  реализираа работна посета на Воено-морското училиште „Никола Јонков Вапцаров“ во Варна, Бугарија. Домаќин на активноста беше ректорот на Воено-морското училиште – адмирал проф. д-р Бојан Медникаров, и проректорот д-р Калин Калинов, ред. проф. морнарички капетан, кој воедно е и лидер на тимот експерти кои се ангажирани од НАТО DEЕP (Програма за унапредување на образованието во одбранбениот сектор) за активностите со Воената академија.

На вториот ден од посетата Деканот на Воената академија и ректорот на Воено-морското училиште потпишаа меморандум за разбирање како и меморандум за соработка за Erasmus + програмата.

За време на посетата беше презентирана организацијата на наставниот процес, како и капацитетите од доменот за сајбер одбрана и симулаторите за обука. Во рамките на овој сегмент се разгледа можноста за учество во заеднички проекти како и размена на наставниот кадар и студенти преку Erasmus + програмата.