Реализирано покането предавање на меѓународна конференција за сајбер безбедност

Bоената академија даде значителен придонес на „Меѓународната конференција за сајбер безбедност“, која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина (20.03.2018).

Поканет говорник на конференцијата која беше во организација на Амбасадата на Кралството Саудиска Арабија на тема „Иднината на сајбер безбедноста“ имаше пполк. д-р Митко Богданоски, вон. проф., продекан на Воената академија.

Конференцијата беше отворена од страна на Амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. г-дин Хани Моменах, Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина г-дин Драган Мектиќ, Заменик шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Сараево г-дин Тони Павловски и од Претседателот на советот на министри на Босна и Херцеговина г-дин Денис Звизиќ.

Свое учество на активноста имаа еминентни меѓународно признаени стручњаци во областа на сајбер безбедноста.