Реализиран академскиот дел од Летниот кампус – 2018

Во период од 26.06-06.07.2018 година во Центарот за обука Пепелиште се одржа деветата по ред меѓународна активност Летен кампус 2018.

Имено за прв пат оваа активност се одржа во текот на 2010 година каде главното тежиште на академскиот и практичниот дел беше фокусиран на фазите за обликување на воените операции,фокусирање на воените активности и зголемување на иницијација на операциите за поддршка на мирот. Во соработка со амбасадата на Обединетото кралство учесниците на кампусот се запознаа со воените искуства од првата светска војна преку проучувањето на битката кај Дојран.

Оваа 2018 година фокусот на активностите на кампусот се посветени кон операциите за подрдршка на мирот и Пост-конфликтното градење на мирот.

Целта на меѓународниот проект „Летен кампус 2018“ е да ја доближи комплексноста на идните предизвици во постконфликтните операции до младите питомци и идни мировници, а посебно за интернационално правни и дипломатски аспекти на напорите за градење на мирот,еваулацијата на воените доктрини и поддршка на политичките напори за градење на мирот во мулти националните операции на НАТО.

- Оспособување на кадетите да се здобијат со нови знаења и вештини на тактичко борбени акции што се изведуваат за време на заеднички НАТО операции за стабилизација и поддршка/мировни операции под услови на асиметрични и неконвенционални закани како дел од напорите на алијансата.

- Оспособување на студентите да се здобијат со одредени знаења и вештини во справување на политички процедури, операции и активности кои ги изведуваат за време на подготовката и имплементација на поддршката на мирот и операциите за градење на мир.

Кадетите и студентите да се фамилизират со одредени мерки,процедури и напори да се справат со дополнителни предизвици (надвор од мисијата) како што се хунанитарните операции.

- Креирање на свесност помеѓу кадетите и студентите за важноста на потребите на НАТО хармонизација и синхронизација на енергијата меѓу коалиционите партнери (која ќе биде завршена со кандидатите од надвор) и цивилно воени релации во имплементацијата на поддршката за стабилизација на мирот и операциите за градење на мир.

Развивање на пријателски односи помеѓу кадети и студенти од Република Македонија со кадетите од земјите учесници со презентации на дел од традиционално и културно наследство на Република Македонија и на кадетите од надвор.

Првиот дел наречен академски дел траеше од 26.-.28.06.2018 година при што на истиот беа изведени вкупно пет предавања од истакнати професори и експерти од областа од Република Македонија и странство.

Прво и второ предавање беа реализирани на тема: „Значењето на психолошкиот фактор во лидерството“ и „Човечкиот  фактор во операциите за поддршка на мирот“ од страна на Ronnie McCourt раководител на  Academic Outreach Pgme Faraday Hall од  Кралската воена академија Сандхерст, од Обединетото кралство.

Господинот Рони зборуваше за влијанието на психолошкиот фактор на лидерството и значењето на човечкиот фактор во операциите за поддршка на мирот. Воедно на слушателите им даде практични совети како да ги надминуваат можни пречки во пост-конфликтните и мировните операции.

Третото и четвртото предавање беа реализирани темите “Стратешките комуникации во контекс на операциите за поддршка за мирот” и „односи со медиумите во контекс на операциите за поддршка за мирот” од страна на м-р Gottfried Salchner од Маршал центарот во Германија кој го истакна значењето на стратешките информации во современите операции за поддршка на мирот како и важноста на медиумите во спроведувањето на операции за поддршка на мирот.

Петото предавање беше реализирано на тема “Воените искуства од дојранската битка” од страна на Glen Stennes  и потполковник Whitchurch од Обединетото кралство кои ги  пренесоа научените лекции од дојранската битка на учесниците на летниот кампус и воедно организираа посета на местото на одвивање на битката.