Сајбер безбедносни предизвици за владиниот сектор

1По повод 5 годишнината на Европскиот месец за сајбер безбедност, на 3. Октомври 2017 година, Воената академија, заедно со T&P Consulting, Piperevski & Associates, MASIT, C3I, RE2020 беше организатор на настан, кој се одржа во просториите на ЕУ Инфо Центарот. Тема на настанот беше сајбер безбедносни предизвици за владините институции во Р. Македонија. Значителен придонес на настанот со свои презентации дадоа и претставници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од МВР, како и MKD-CIRT од АЕК.

Настанот ги покри следните прашања:

-       Најновите трендови во ЕУ;

-       Директива за безбедност на мрежите и системи

-       Нови предизвици за заштита на лични податоци

-       Развој на настаните од областа на сајбер безбедноста во Р. Македонија

-       Стратегии за одбрана при сајбер напади

-       Сајбер криминал и сајбер војување

-       Како македонскиот ИТ сектор да ја поддржи владата при справување со сајбер напади?

За време на настанот презентации имаа водечки експерти во државата во областа на сајбер безбедноста, а учесниците исто така активно учествуваа со нивни прашања и дискусии поврзани со темата. Еден од организаторите на настанот беше потполковник д-р Митко Богданоски, вонреден професор на Воената академија, кој имаше презентација на тема “Сајбер просторот како моќна алатка за закана врз националната безбедност”.

На настанот беа присутни повеќе од 50 претставници од државни институции, ИКТ компании, како и од невладиниот сектор.