Свечено отворање на два напредни НАТО курсеви од доменот на сајбер безбедноста

На ден 27.01.2019 година во Воената академија свечено започна реализацијата на 2 (два) напредни НАТО курсеви за “Мрежна безбедност” и “Проценка на ранливост на мрежи и намалување на ризици”. Целта на курсевите е да се создаде сертифицирана мрежа на ИТ експерти од областа на сајбер безбедноста кои ќе го заштитат националниот сајбер просторот и кои рамноправно со сите членки на НАТО ќе придонесат за зајакнување на колективната одбрана на алијансата.

За време на отварањето свои обраќања имаа Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Деканот на Воената академија проф. Д-р Орце Поповски, полковник, Продеканот на Воената академија и Директор на активноста Полковник д-р Митко Богданоски, Г-дин Alan Howard од Морнаричкото школо за последипломски студии од Монтереј и Г-ѓа Liliana Serban, Директор на серија курсеви од областа на сајбер безбедноста во НАТО школото во Оберамергау.

Курсевите ќе се реализираат во следните пет месеци и на истите учество ќе земат повеќе од 30  слушатели од 7 различни институции (МО, МВР, МИОА, МНР, МКД-ЦИРТ, АНБ, ДБКИ). Слушателите кои успешно ќе ги завршат курсевите ќе добијат меѓународно признати сертификати од НАТО школото од Оберамергау, и можност за полагање на CEH (Certificate Ethical Hacker) тестот и добривање CEH сертификат од EC-Council.

Активноста е спонзорирана од НАТО програмата Наука за мир и безбедност (SPS) и Министерството за одбрана, а Ко-директори на курсевите се проф. д-р Митко Богданоски, полковник од Воената Академија и CDR Paolo Carcavallo, од НАТО школото од Оберамергау. Обуката ќе ја реализираат еминентни предавачи од Морнаричкото школо за последипломски студии од Монтереј, САД.