Семинар за родова перспектива со наставниот кадар на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

Во период од 19-20 септември 2022 година во хотел Панорамика во Скопје се реализираше семинар за родова еднаквост и перспектива во воената средина.

UNDP SEESAC беше организатор на семинарот, како дел од регионалниот проект (Strengthening of Regional Cooperation on Gender Mainstreaming in Security Sector Reform in the Western Balkans project), финансиран од страна на Норвешкото министерство за надворешни работи (Norwegian Ministry of Foreign Affairs) и Министерството за надворени и европски работи на Република Словачка (Ministry of Foreign and European affairs of the Slovak Republic). Претседавач на семинарот беше д-р Татјана Вишацки, проектен менаџер на UNDP SEESAC за родова тематика.

Целта на семинарот беше потребата од унапредување и професионален развој на родовиот мејнстрим преку компетенции и способности кои на жените и мажите кои работат во воените средини ќе им помогнат да го остварат нивниот целосен потенцијал и притоа да придонесат за подобрување на оперативната ефикасност на вооружените сили. Родовиот мејнстрим на меѓународно ниво преставува стратегија за унапредување на родовата еднаквост и перспектива. Родовиот мејнстрим во суштина врши интеграција на родовата перспектива преку: подготовка, имплементација, мониторинг и евалуација на регулативи, програми  и проекти со конкретни чекори за промоција на родовата еднаквост и перспектива.

Агендата на тематските целини на овој семинар  се базираа на:

  • Осврт на статистичките податоци за положбата на жените и мажите во Република Северна Македонија;
  • Процентуална застапеност на жените во однос на мажите во воената средина и нивното кариерно водење во однос на мажите;
  • Јакнење на регионалната соработка помеѓу државите од Југоисточна Европа за родова еднаквост и перспектива;
  • Подигнување на нивото на родовата свесност во вооружените сили;
  • Подобрување на родовите капацитети  во Министерството за одбрана и вооружените сили преку формирање на соодветни одделенија и сектори и
  • Подобрување на родовата перспектива согласно индивидуалните капацитети и способности на воениот персонал;
Основните целите на  семинарот за родова еднаквост и перспектива опфаќаа:

  •  Анализа на родово сензитивните прашања во вооружените сили;
  • Овозможување на еднакви можности за кариерно водење и развој;
  • Развој на регионална платформа за родова еднаквост и перспектива помеѓу државите од Југоисточна Европа;
  • Поддршка  и спроведување на директиви и стандарди за подобрување на обуката и образованието во Воената академија со теми за родова еднаквост и перспектива;
  • Разменување на  добри искуства и практики за родова еднаквост и перспектива помеѓу државите од Југоисточна Европа;

Тежиштето на овој семинар гo даде Воената академија од која учество земаа 12 наставници и соработници чии конкретни предлози и препораки во текот на изведувањето на тематските содржини и вежби за родова еднаквост и перспектива дадоа конкретни чекори кои во иднина треба да ги превземе UNDP SEESAC за родова тематика во соработка со НАТО, ЕУ и ОБСЕ.