Успешна реализација на курсот „Основи во база на податоци MS Access 2010 – основно ниво“

Во период од 22. – 25.01.2018 година во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во касарната Гоце Делчев се одржа курс со наслов „Основи во база на податоци MS Access 2010 – основно ниво“ кој беше во организација на Секторот  за човечки ресурси во соработка со Воената Академија “Генерал Михајло Апостолски“ .

Предавачи на курсот беа: Продеканот за Настава и научно истражувачка работа, д-р Елениор Николов, вон.професор, полковник и д-р Димитар Богатинов, доцент, капетан.

На курсот учество земаа 12 учесници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија кои имаа можност да се стекнат со основни познавање од бази на податоци и користење на  MS Access 2010, како и можност цела активност да ја изведуваат преку Moodle платформата за Е-Учење која се користи во Воената академија.