Успешна реализација на првата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“ во согласност со Еразмус+KA220

Во период од 20-24 јуни 2022 година претставници од Воената академија земаа учество на првата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“, во согласност со Еразмус+ KA220, која се реализираше во Багериа, Р. Италија.

“] За време на работилницата беа дискутирани искуствата на партнерите во користењето на дигитални алатки во образовнието, со посебен акцент на користењето нови методи и стратегии, како и нивна примена во процесот на евалуација. Дел од сесиите беа посветени на разгледување на придобивките од ефективни стратегии на визуелизација во образовниот процес и специфичностите на онлајн-наставата. Партнерите исто така разменија мислења за деталите, плановите и активностите на партнерите, како и координирањето на различните аспекти на проектните активности.
-Проектот ќе се реализира во период од Март 2022 до Март 2024 година. Покрај Воената академија, учесници во проектот се претставници од Р. Полска како координатор и партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија. Главната цел на проектот е да се пополни јазот во дигиталната компетентност на партнерите, со инкорпорирање на дигитални алатки, како и да се развијат вештини за комуникација и соработка со институциите на ЕУ.