Успешно реализирана годишната работилница на работната група на НАТО за индивидуална обука и развој на образованието (NTGTG IT&ED)

Во период од 31 октомври до 4-ти ноември 2021 година во Домот на Армијата се реализираше годишна работилница на работната група на НАТО тренинг групата за индивидуална обука и развој на образованието (NTGTG IT&ED).

Претседавач на НАТО групата за обука кој воедно е и раководител на одделението за технологии за образование и обука на сојузничката команда за трансформација на НАТО, г-дин Пол Туркетл, а копретседавач е директорот на Иницијативата за напредно далечинско учење на САД, д-р Сае Шатз. Целта на Групата е да го подобри професионализмот, интероперабилноста и стандардизацијата меѓу силите на Алијансата и партнерите преку подобрена координација на образование, обука, вежби и евалуација на стекнатите знаења.

Агендата на тематските целини кои се спроведоа на оваа работилница се базираа на:

  • Имплементација на NATO ADL Capability Maturity model;
  • НАТО речник на термини за информатички технологии во делот на образование и обука (NATO ADL Glossary of IT&ED terms);
  • Работа во синдикални групи во насока на подобрување на СТАНАГ 2591 кои се однесува на напредно далечнинско учење (NATO Stanag 2591 for ADL);
  • Идни технички спецификации и споделување на платформи на он-лајн курсеви и каталози за подобрување на обуката и образованието;
  • Подобрување на глава 4 и 9 од НАТО прирачникот за напредно далечниско учење;
  • Споделување на современи он-лајн модели и информатички алатки за подобрување на сеопфатната ефикасност на современите наставници;
  • Запознавање и анализа на xAPI он-лајн софтверот за напредно аналитика на податоци;
  • Разгледување на иницијативата на генералниот секретар на НАТО за 2030 година за оперативните можности, капацитети и способности на вештачката интелегенција и машинското учење во целосно подобрување на обуката и образованието;
  • Практична имплементација на он-лајн модел Serious Game “ICE” Immersive Cold Weather Experience);
  • Сеопфатни можности на НАТО платформата DEEP DIVE и порталот TRANSNET;

Основните целите на НАТО групата за развој на обука и образование опфаќаат:

  • Поддршка и спроведување на НАТО политики, директиви и стандарди за подобрување на обуката и образованието;
  • Предлага и поддршува решенија за нови модели на обука и обрзование во насока на поддршка на операциите на НАТО;
  • Разменува искуства и надобри практики помеѓу државите членки и партнери на НАТО.

На оваа работилница имаше преставници од следниве држави: Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Франција, Унгарија, Литванија, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Словачка, Шведска, Естонија, Украина, Обединетото кралство и САД.

Воената академија и Министерството за одбрана беа организатори на овој настан. Свеченото отворање го реализираше министерката за одбрана Г-ѓа Радмила Шеќеринска Јанковска, која им посака добредојде на сите учесници и ги истакна досегашните достигнувања на Министерството за одбрана во делот на практична имплементација на современите стандарди на НАТО во делот на обуката и образованието. Во својот говор министерката ја посочи улогата на Воената академија во делот за развој на образованието и обуката, како и за придонесот и имплемантација на најновите трендови во НАТО поврзани со образование и обука.

Деканот на Воената академија полковник д-р Митко Богданоски, редовен професор ги поздрави учесниците на работилницата и истакна дека Воената академија преку Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика, како и преку останатите организациски единици на Воената академија, досега во континуитет ги прати и имплементира современите информатички технологии во обуката, образованието и научно-истражувачката работа.

Координатор на оваа работилница беше мајор д-р Димитар Богатинов, вонреден професор, кој истакна дека современите софтвери, апликации и алатки преставуваат секојдневна активност на Воената академија и истите досега практично успешно биле имплементирани во подобрување на ефикасноста на обуката и образованието, како и во истражувачката дејност на Воената академија.

На крајот од работилницата, претседавачот на НАТО групата за развој на обука и образование, г-дин Пол Туркетл, направи целосна евалуација на досегашните активности и даде следни насоки во кој правец треба да се развиваат целите на групата. Исто така посочи дека делегатите на оваа група работат посветено на нивните задачи за следната конференција која се планира следната 2022 година во Босна и Херцеговина.