Успешно реализирана Еразмус+ LLTA активност на тема „Дигитално решавање проблеми и дигитална безбедност“

Во период од 06-09 Декември 2021 година, Воената академија беше организатор и домаќин на Еразмус+ LLTA (активност за учење, настава, обука) на тема „Дигитално решавање проблеми и дигитална безбедност“. Освен предавачите од Воената академија, активно учествуваа 12 претставници од Р.Финска, Р.Португалија, Р.Турција. Дел од нив се вклучија онлајн поради Ковид19 рестрикциите. Активноста е дел од Еразмус + проектот „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“.

Во рамките на проектот во покрај анализа на досегашните активности се дадоа конкретни насоки за понатамошните активности во врска со проектот.  Свои излагања во домен на споделени знаења од областа на дигиталната безбедност и решавање на проблеми од Воената академија имаа мајор д-р Димитар Богатинов, вон. проф. координатор на проектот, мајор м-р Гоце Стефаноски, соработник, поручник м-р Моника Качурова, соработник. Дополнително, п.полк. д-р Андреј Илиев, ред. проф. се вклучи во организацијата и реализацијата на активноста.

Претставниците од Воената академија преку своите излагања ги претставија најновите трендови во делот на:

  • Безбедност на податоци и оперативни системи;
  • Најдобри практики при користење на Интернет и е-пошта;
  • Малициозен софтвер и антивирус;
  • Најдобри практики при користење на социјални мрежи;
  • Најдобри практики за заштита при користење мобилни уреди;
  • Дополнително се направи преглед на обуката за сајбер свест за питомците и кратка презентација на програмата и материјалот од наставната програма.

Како поканет гостин од Меѓународниот Универзитет Визион, учество во активноста зема и Деканката на правниот факултет, доцент д-р Весна Поповска, која направи осврт на ЕУ регулативите за заштита на личните податоци и приватноста.

Проектот има за цел да ги подигне дигиталните вештини кај студентите и истиот се заснова на дигитална компетентност која е една од 8-те основни компетенции предложени од Европскиот парламент и Советот за доживотно учење. Дигиталната компетентност вклучува безбедна и критичка  употреба на технологијата на информатичкото општество (ИСТ) за: деловни активности, комуникација и ефикасна мрежна соработка.  Ова е поддржано од основни вештини на современата информатичка технологија: употреба на компјутери за примање, проценка, складирање, производство, презентирање и размена на информации и комуникација и учество во информатички мрежи за соработка.