Успешно реализирани состаноци со претставници од Кралство Норвешка

Во периодот 21-22.01.2019 година, во просториите на Воената академија беа реализирани состаноци со военото аташе на Кралство Норвешка полк. Егил Далтверт и претставници од проектот РАДЛИ. Проектот РАДЛИ, кој е регионален проект за напредно далечинско учење (ADL), е започнат во 2010 година, а Воената академија зема свое учество од 2015 година.

На состаноците беа презентирани резултатите од досегашните реализирани активности поврзани со РАДЛИ проектот, а покрај тоа беа разгледани повеќе можности за идна соработка, меѓу кои и:

  • Идните активности за проектот РАДЛИ и начинот на донирање на планираната опрема за ADL која произлегува од проектот.
  • Учество на питомци од Кралството Норвешка на Летен кампус 2019 година.
  • Размена на студенти на 3 месечен курс и размена на наставен кадар  преку Erasmus+ програмата.
  • Посета и можност за предавања од страна на 2-ца офицери на воената академија во период Април или Мај 2019 година.
  • Поддршка во процесот на воспоставување на Институтот за сајбер безбедност и дигитална форензика и можноста за поддршка во опремување на училниците и компјутерските лаборатории на Воената академија, кои ќе бидат во рамките на истиот институт.

53080069_382687525859031_7670470175115706368_n