Успешно реализиран курсот за запознавање со заедничките безбедносни и одбранбени политики (Common Security and Defence Policy (CSDP) Orientation course)

Picture1

По претходна повеќемесечна подготовка и координација, Воената академија во коорганизација со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC -European Security and Defence College) и Австриска академија за национална одбрана од Виена, се реализираше Курсот за запознавање со заедничките безбедносни и одбранбени политики (Common Security and Defence Policy (CSDP) Orientation course), во период 31. Мај – 3. Јуни 2021 година.

На курсот учествуваа преку 40 висококвалификувани учесници од повеќе ЕУ држави и учесници регионот, вклучително и 5 претставници од Воената академија. Со ова Воената Академија уште еднаш докажа дека е професионална институција со големи амбиции и е признаена од престижни институции како што е Европскиот колеџ за безбедност и одбрана од Брисел. Ова е само почеток на плодната соработка на Воената академија со оваа престижна институција.

Директори на курсот беа, полковник проф д-р Митко Богданоски од Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје и Г-ѓа. Сандра Кик од Австриска национална академија за одбрана, Виена.

За успешноста и влијанието на самата обука, која е прва од ваков тип на соработка на Воената академија со ЕКБО и ЕУ, говори и фактот што Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика г-дин Josep Borrell Fontelles, додели посебен сертификат за успешната организација за полковник проф д-р Митко Богданоски.

Picture12