Учество на претставници од Воената академија на Еразмус+ LLTA активност на тема „Краткорочна обука на персоналот“

Во период од 08-13 Април 2022 година, Здружението „Sosyal Etki Derneği“ од Република Турција беше организатор и домаќин на Еразмус+ LLTA (активност за учење, настава, обука) на тема „Краткорочна обука на персоналот“ која е дел од Еразмус + проектот „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“.

Освен претставниците од Воената академија, активно учествo на активноста земаа уште 14 претставници од Р.Финска, Р.Португалија, Р.Турција, Р. Чешка. Во рамките на активноста се дадоа конкретни насоки за понатамошните активности во врска со проектот, како и евалуација на досегашните активности.

Домакините на активноста од НВО„Sosyal Etki Derneği“ од Р. Турција преку своите излагања:
• Го претставија турскиот едукативен систем;
• Прикажаа алатки кои што би се користеле во текот на едукативниот процес;
• Прикажаа имплементирање на едукативни игри во процесот на образование;
• Дополнително беа прикажани резултатите од прашалниците за евалуација на наставните процеси.

Еразмус+ проектот „Интеграција на дигиталното учење во образовните програми“ има за цел да ги подигне дигиталните вештини кај студентите и истиот се заснова на дигитална компетентност која е една од 8-те основни компетенции предложени од Европскиот парламент и Советот за доживотно учење. Дигиталната компетентност вклучува безбедна и критичка употреба на технологијата на информатичкото општество (ИСТ) за: деловни активности, комуникација и ефикасна мрежна соработка. Ова е поддржано од основни вештини на современата информатичка технологија: употреба на компјутери за примање, проценка, складирање, производство, презентирање и размена на информации и комуникација и учество во информатички мрежи за соработка.