УЧЕЊЕ НА ДАЛЕЧИНА – РЕАЛИЗАЦИЈА НА КУРС „ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ“

Во рамки на развојот на регионалната соработка во областа на учење на далечина  (RADLI – Regional ADL Initiative), во периодот од 09 септември до 13 септември 2018 г. се реализираше курс „Тренинг за тренери“ (Train the Trainers –  Digital learning content developer course), обука за изработка на интерактивни мултимедијални содржини. Курсот беше реализиран во Охрид, а учевствуваа учесници од Воена академија во Белград, Р.Србија. Воена Академија во Скопје, Република Македонија (д-р Невена Серафимова, доцент и  д-р Југослав Ачкоски, вон.проф., потполковник), како и преставници од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина. Тренинг-курсот го реализираа инструктори од Одбранбениот Колеџ на Норвешките вооружени сили (Norwegian Defense University College), Кралството Норвешка.

Зададените задачи во текот на обуката беа успешно совладани, што е потврдено и преку спроведеното завршно тестирање на учесниците.

Усвоените знаења и вештини овозможуваат предуслови за развивање на меѓусебна соработка на институциите во областа на учење на далечина. Ова особено предвидува изработка на електронски содржини и курсеви кои се од интерес за корисниците (офицери, подофицери, професионални војници, питомци и студенти на Воената академија и целни групи од МО).

На свечената церемонија, со која беше означено завршување на курсот, н.е Арне Бјорнстад, Амбасадор на Кралството Норвешка и Деканот на Воената Академија д-р Орце Поповски, редовен професор, полковник на учесници им доделија сертификати за успешно завршена обука.