Воената академија отпочна со реализацијата на INTERREG IPA прекуграничен проект со наслов„Современи алатки за детекција и прогноза на пожари и поплави како и употреба на иновативни техники за обука за граѓаните” (PREVEN-T)

presentation-PREVENT-7-5-2021-by-Spiridon-Mamalis-GEOTEE-e1620618600542На 16-ти март 2022 година во периодот од 10:30 до 12:30 часот, претставници од Воената академија земаа учество на првиот транснационален состанок (почетен состанок) за проектот PREVEN-T. На состанокот учество земаа претставници кои ќе се дел од INTERREG IPA прекуграничниот проект со наслов “Современи алатки за детекција и прогноза на пожари и поплави како и употреба на иновативни техники за обука за граѓаните“ (Modern Tools for wildfires’ and Floods’ Risk punctual forecast and monitoring and innovative techniques for citizens’ safeguard awareness and preparedness) – PREVEN-T.

Од страна на институциите носители за имплементација за проектот и од авторитетот за управување со програмата за прекугранична соработка, меѓу останатите, свое излагања имаа и:

  • проф. д-р. Димитрос Еманоулоудис од International Hellenic University , главен координатор на проектот:
  • проф. д-р Митко Богданоски од Воена академија, манаџер на проектот од страна на Воената академија,
  • г-ѓа Виолета Сотировска, претстеавник од третиот партнер во проектот и краен корисник Национален парк „Пелистер“ и
  • г-дин Горгос Папапостолу, претставник од INTERREG ИПА Програма за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ Заеднички секретаријат
  • проф. д-р. Ставрос Соломос – Academy of Athens
  • проф. д-р.Елисавет Фелони – National Technical University of Athens
  • проф. д-р. Калиопи Кравари – International Hellenic University
  • проф. д-р. Панајотис Настос – National and Kapodistrian University of Athens
  • проф. д-р. Пантелеимон Хофис – International Hellenic University

Овој почетен состанок, го водеше координаторот на проектот проф. д-р. Димитрос Еманоулоудис, од International Hellenic University – Грција, а состанокот имаше за цел да ги запознае присутните со деталите, плановите и активностите на инволвираните институции, координирање на различни аспекти на проектните активности, објаснување на финансиските правила и процедури, како и споделување идеи за методологијата на истражувањето во врска со развојот на методолошката рамка за проектот PREVEN-T.
Исто така, беше презентиран и одобрен детален план за подготвителните фази на проектот.

Цели на проектот 

Во целина, проектот разгледува интегрирани методи за употреба на иновативни ИКТ алатки и модели за развој на активности на четири нивоа на управување со природни катастрофи:

  • Ниво на планирање: Развој на модели за брза реакција и предвидување (Информационен систем за детекција рано предупредување и следење на пожари, модел на детекција на загадување на површински води и  вегетација, временски модел со висока резолуција, хидролошки модел).
  • Ниво на превенција: Организирање на семинари за едукација и обука (платформа за е-учење) за студентите, граѓаните, органите за цивилна заштита и вработените во општините, со цел нивна поткревање на свесноста и подготвеноста за борба против природни катастрофи и технолошки ризици.
  • Ниво на одговор: Развој на упатства за управување со вонредни состојби што ги потенцира врските помеѓу климатските промени и управувањето со вонредни состојби.
  • Ниво на рехабилитација: Надградба на локалниот информативен центар во Националниот парк „Пелистер“ и формирање лабораторија за едукативни и истражувачки цели во областа на управување со катастрофи и ризици во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, кои имаат за цел набљудување, и ублажување на влијанијата на природните катастрофи.