Bоената академија со значителен придонес на Првата меѓународна научна конференција на тема „Обезбеднување на ВИП личности и обjeкти“

На покана на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, д-р Методија Дојчиновски, вон. проф. полковник, зеде свое учество како  предавач на тема „Индивидуалниот тероризам – закани, предизвици и превенција“.

Конференцијата ја отвори Министерот за внатрешни работи г-динот Оливер Спасовски, а учество земаа професори и експерти од Р. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Србија и Црна Гора, претставници од Собранието на РМ, претставник од амбасадата на САД во Македонија, претставник од Комората на РМ за приватно обезбедување и други.

Со ова Воената академија дава значителен придонес на првата меѓународна научна конференција на тема „Обезбеднување на ВИП личности и обjeкти: Студија на случај, проценка на ризик и методи и тактики на обезбедување на личности и објекти“, која се одржува во Охрид, во период од 07-10. Мај 2018 година