Воената академија отпочна со реализацијата на проектот„PREvention of DIsasters ICT (Informatic and Computer Technology) PREDICT“ преку програмата Еразмус+

aa

https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2019-1-MK01-KA201-060284

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Република Северна Македонија во соработка со Главната дирекција за пожарна безбедност и заштита на населението, Софија, Бугарија; ДУЦОР „Партенија Зографски“, Скопје, Република Северна Македнија; Asociacion IT Solutions for All, Малага, Шпанија и ОУ „Стив Наумов“, Скопје, Република Северна Македонија изготви апликација и започна со имплементација на проектот „PREvention of DIsasters ICT (Informatic and Computer Technology) PREDICT“ преку програмата Еразмус+ на Комисијата на ЕУ.

Во склоп на проектот PREDICT, во периодот од 14 до 16 јануари 2020 година во Скопје беше одржан првиот транснационален состанок (почетна средба) во просториите на партнерската институција ДУЦОР „Партенија Зографски“.

Главните цели на средбата беа дефинирање на различните аспекти на проектните активности, објаснување на финансиските правила и постапки, како и споделување на идеи за истражувачката методологија во врска со развивањето на методолошка рамка за темата на PREDICT.  Исто така, оваа средба беше поврзана со интелектуалната цел 1 (IO1). За време на средбата, се одржаа дискусии за главната цел на проектот, при што сите партнер ги образложија домашните искуствата со проектните цели.

За време на средбата присуствуваа следниве претставници од партнерските институции:

  • Воена академија: Декан на Воената академија д-р Орце Поповски, ред. проф., м-р Никола Клетников, координатор на проектот, д-р Билјана Андоновска, вон. проф., д-р Александра Ристовска, вон. проф., м-р Елена Трајановска, д-р Димитар Богатинов, доц., г-ѓа. Виолета Тодорова.
  • Association IT Solutions for All: Г-дин. Франциско Хавиер Серон Молина
  • ОУ Стив Наумов: г-дин. Александар Каровски, г-ѓа. Билјана Теовска
  • Directorate-General Fire Safety and Civil Protection: г-дин. Јулијан Гранчаров, г-дин. Александро Илиев