Питомците од 3 година на Воената академија остварија посета на Координативниот центар за гранично управување

19.04.2024

Питомците од 3 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од родовите пешадија, артилерија и инжинерија во рамките на предметот „Основи на национална безбедност“ реалзираа наставна посета на Координативниот центар за гранично управување, каде што имаа можност да проследат предавање од проф. д-р Владимир Пивоваров и да се запознаат со мисијата и задачите како и местото и улогата на Координативниот центар во македонскиот безбедносен систем.