Реализирана основна обука за користење на ArcGIS софтверот од ESRI GIS под менторство на ГДи Скопје

23.04.2024

На Воената академија во период од 08 до 19 Април се реализираше 1 фаза во Основна обука за користење на ArcGIS софтверот од ESRI GIS под менторство на ГДи Скопје, а врз основа на Меморандумот за соработка со Воената академија. Курсот се реализираше со младите соработници на Воената академија предводени од потполковник Александар Петровски, вонреден професор од Катедрата за воени науки и вештини на ВА. Целта на првата фаза од обуката е да ги оспособи младите офицери во користење на основните алатки и техники во ArcGIS софтверот со цел решавање на најразлични задачи од збирката на вежби на ArcGIS и нивна идна имплементација во решавањето на најразлични задачи од воената проблематика во повеќе сфери на употреба во наставата и обуката со питомците и слушателите на курсевите и командно штабната школа. Целосната обука се реализираше под менторство на Дарко Стојчески, ГИС експерт со повеќегодишно искуство како вработен и ментор на обуки реализирани од ГДи Скопје. Обуката се реализираше благодарение на одличната соработка помеѓу Воената академија и ГДи Скопје, кои целосно помогнаа да се инсталира софтверот, дадоа на располагање свои дата сет на податоци и испланираа обука согласно потребите на наставата на Воената академија. Во идниот период ќе следуваат втора фаза во основна обука и напредна обука за користење на ГИС софтверот во наставата. Инаку оваа обуката е дел од потребите за користење на ArcGIS софтверот како единствна алатка за решавање на најразлични задачи во НАТО земјите.

Галерија