Конкурс за избор на наставник на Воената академија во Скопје

27.12.2023

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2021) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставни
к на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ:

  1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (2) „ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ“, НАУЧНО ПОЛЕ: (214) „МАШИНСТВО“, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: (21408) „МАШИНСКИ СИСТЕМИ“ и (21411) „МОТОРНИ ВОЗИЛА“− еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- да имаат завршено трет циклус студии (доктор на науки) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

III. Кандидатите треба да ги достават следните документи:

- пријава по конкурс;

- кратка биографија (печатена и електронска);

- диплома за завршен докторат (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);

- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок
од трудовите електронски во PDF) и

- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно - научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА