Решение за дополнување на решението за прием на кандидати по реализиран втор приемен рок согласно
Вести
Во периодот 06-10.11.2023г. во Торино, Р. Италија се реализираше 19.
Началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и деканот на Воена
- По втор пат Воената академија беше домаќин на Курсот за запознавање со Заедничката политика за безбедност и одбрана на Европската Унија, овој пат со физичко присуство на учесниците во периодот од 9-13 октомври 2023 г. во Охрид. Настанот беше организиран во соработка со Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, Австриската академија за национална одбрана и Раквијак. Дискусиите за време на настанот придонесоа за подобро запознавање со тематикатана европската безбедносно-одбранбена политика. Од самото основање на Заедничата политика за безбедност и одбрана на ЕУ во јуни 1999 година, истакнати воени и цивилни експерти, полициски службеници и војници неуморно работат за промовирање на мир и безбедност во повеќе од 30 мисии, имајќи исто така предвид дека првата мисија на ЕУ – Конкордија беше распоредена токму во Република Северна Македонија на 31 март 2003 година.
Денес на Воената академија се одржа свечена пригода - церемонија по повод полагањето заклетва на
Во рамките на проектот “INTEGRATION BY SOCIAL AND DIGITAL LEARNING” Project Erasmus+ (KA2), во пе
Претставници од Воена Академија, професори и питомци, учествуваа на панел – дискусија на тема „На
Во периодот од 11.09.2023 до 03.09.2023 год.
- Воената академија, во период од 20 до 21 Септември 2023 година, беше дел од организацискиот одбор и учестувуваше во реализацијата на дводневна работилница од областа на сајбер безбедноста со наслов „Глобални дијалози за сајбер-политика: сајбер дијалог во Западен Балкан 2023“ која се реализираше во Холидеј Ин Хотелот во Скопје. Работилницата беше организирана во коорганизација на Министерството за одбрана, Воената академија, Истражувачка Фондација Обсервер од Америка, Министерството за надворешни работи на Кралство Холандија и Фондацијата Метаморфозис, и на истата учество земаа преку 50 учесници од владата, граѓанското општество, академијата и приватниот сектор од целиот Западен Балкан. Главната цел на состанокот беше да се поттикне вистински и отворен дијалог меѓу учесниците од различни сектори и позадини. Овој настан е надоврзување на претходните координативни дискусии, креирајќи прегледот на регионални иницијативи, идентификување приоритетни потреби и дискусија и давање на конкретни идеи за подобрување на транспарентноста и соработката за иницијативите за градење на заеднички капацитети.
Од 11 до 15 септември 2023 г.
- За време на беспрекорно организираниот настан во периодот од 6.9.2023 г. до 10.9.2023 г. во Пултуск, Р. Полска од страна на координаторите на Еразмус+ проектот „Future Classrooms’ Leadership“ од Р. Полска, свој придонес дадоа и претставници од Воената академија. Со присуство на сите партнери од Р. Бугарија, Р. Романија, Р. Турција и Р. Италија, координаторите од Р. Полска и претстваниците од Воената академија се спроведоа активности во согласност со целите на проектот и поконкретно користење на дигитални алатки за поуспешно пренесување на знаења преку гејмификација на содржините и часовите. Активноста беше одлична можност за интерактивни сесии за размена на искуства помеѓу партнерите со цел пополнување на јазот во дигиталната компетентност на партнерите, практично тестирање на различни релевантни дигитални алатки, како и развивање на конкретни идеи за соработка помеѓу различните образовни институции.