Посета на Агенцијата за разузнавање со питомците од 3 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

07.03.2024

На ден 05.03.2024г со питомците од 3 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од родовите пешадија, артилерија и инжинерија во рамките на предметот „Основи на национална безбедност“ се реалзираше посета на Агенцијата за разузнавање. Питомците имаа можност да ја видат музејската поставка во Агенцијата за разузнување каде што се запознаа со тактичко техничките средства-експонати кои се користеле во минатото при извршување на разузнавачки активности. Во контекст на предметот, питомците се запознаа со мисијата и задачите како и местото и улогата на Агенцијата во македонскиот безбедносно-разузнувачки систем и меѓуинституционалната и меѓународната соработка на Агенцијата за разузнавање. Питомците проследија предавање од раководно лице од Агенцијата за разузнавачко-оперативните аспекти од работењето на Агенцијата.