Тим од Воената академија спроведува тридневна работилница за прибирање на податоци од отворени извори во Кишињев, Република Молдавија

13.03.2024

Започнувајќи од денес, 13 март 2024 година, тим на професори од Воената академија ќе спроведе работилница во областа на прибирањето на податоци од отворени извори со експерти од областа на информатичката технологија од неколку државни институции во Кишињев, Молдавија.

Во време на информациска војна, со сè поголемиот развој на новите технологии, дигитализацијата на секој дел од секојдневниот живот и работа и сè поголемата потреба од потврдени, вистинити информации, обуката за прибирање податоци од отворени извори е од стратешко значење за професоналците во областа на информатичките технологии.

За време на свеченото отворање на настанот, проф. д-р Митко Богданоски, Декан на Воената академија даде осврт на современиот контекст во кој се одвиваат активностите за прибирање податоци од отворени извори, при што ја истакна неопходноста од обуката во оваа област, посебно во склоп на државните институции.

На отворање на активноста воведно обраќање имаа и Тод Спајрс, директор на програмите за дигитална отпорност од CRDF Global и Анатолиј Головко од кабинетот на Премиерот на Република Молдавија.

Активноста им овозможува на учесниците интерактивни сесии во кои се дискутираат различните технологии и алатки во прибирањето на податоци, различни студии на случај од реланиот живот, како предизицте кои произлегуваат од етичките и законски аспекти на ова поле.

Настанот е спонзориран од американскиот Стејт департмент и се спроведува во соработка со CRDF Global, Иницијатива за сајбер безбедност, корпоративна безбедност и управување со кризи – C3I Скопје и Сајсег.