Посета на питомците од 4та година, род Пешадија, на Баталјонот за Специјални Сили

18.03.2024

Во текот на денешниот ден, питомците од 4та година, род Пешадија, во рамки на предметот Оклопни борбени возила остварија наставна посета на Баталјонот за Специјални Сили, каде реализираа обука со лесното оклопно возило Oshkosh JLTV. Питомците се запознаа со тактичко-конструкциските карактеристики на ова возило, изведбата на оклопната кабина и распоредот на функционалностите во неа, како и со моторот и неговите системи. За време на посетата акцент беше ставен и на постапките од дневното одржување на возилото, односно прегледите пред, за време и по употреба на истото.