Студиска програма

Насока: Сајбер безбедност и дигитална форензика

НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Научно подрачје: 2 Техничко-технолошки науки

Научно поле: 212 Компјутерска техника и информатика

Научна област: 21202 Информациони системи и мрежи и 21208 Друго

ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

- Студиските програми за школување студенти во Воената академија се конципирани со цел да обезбедат оспособување на кадри по повеќе насоки за потребите на Министерството за одбрана и Армијата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Центарот за управување  со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Носителите на критичната информациска инфраструктура (Телекомуникацискиот сектор, Финансискиот сектор и слично) и други министерства, институции и приватниот сектор..

- Процесот на едукација покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво. Воената академија, согласно Националната стратегија за сајбер безбедност, треба да формира Национален институт за сајбер безбедност и дигитална форензика.

Линк од студиска програмаНасока: Сајбер безбедност и дигитална форензика