Студиска програма

Насока: Безбедност и одбрана

НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Втор циклус на студии, насока: БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Научно подрачје: 5 Општествени науки

Научно поле: 506 Организациони науки и управување (менаџмент), 515 Одбрана и 516 Безбедност

Научна област: 51503 Интегрална безбедност, 51504 Етиологија на загрозување, 51506 Управување и командување, 51509 Планирање на одбрана и заштита и 51610 друго – Меѓународна безбедност и безбедносни системи

ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

- Студиската програма за школување студенти во Воената академија е конципирана  со цел да обезбеди оспособување на кадри по повеќе насоки  за потребите на Министерството за одбрана и Армијата и други институции.

- Процесот на едукација на офицерскиот кор на Армијата, државни службеници и вработени во други институции, покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво.

Линк од студиска програмаНасока: Безбедност и одбрана