Студиска програма

Насока: Управување со кризи и заштита и спасување

НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКО ПОДРАЧЈЕ И ПОЛЕ И ОБЛАСТ, КАДЕ ПРИПАЃА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Втор циклус на студии, насока: УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Научно подрачје: 5 Општествени науки

Научно поле: 506 Организациони науки и управување (менаџмент) и 515 Одбрана

Научна област: 50602 Менаџмент системи, 51507 Цивилна заштита и 51509 Планирање на одбрана и заштита

 

ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

- Студиската програма за школување студенти во Воената академија е конципирана  со цел да обезбеди оспособување на кадри по повеќе насоки за потребите на Центарот за управување  со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и други институции.

- Процесот на едукација на офицерскиот кор на Армијата, државни службеници и вработени во други институции, покрај тоа што ќе биде базиран на националните потреби, ќе биде базиран и на меѓународните потреби, со што се врши афирмација на Република Северна Македонија на меѓународно ниво.

Линк од студиска програмаНасока: Управување со кризи и заштита и спасување