Тактика на мировни операции и разрешување конфликти(ТМОРК)

Код
ZZ704
Организатор на студиската програма
Циклус на студии
Прв циклус на студии
Семестар
7 Седми семестар
Неделен фонд
2+2
Кредити
4
Задолжителност
Задолжителен

Цели на предметната програма (компетенции):Питомците преку теоријата за меѓународна безбедност и разбирање на современите проблеми на безбедноста и мирот ќе се воведат во содржината на современите ризици и закани и справување со нив. Преку анализа на конфликтите, треба да се оспособат да ги анализираат ризиците и да дискутираат за пристапите за справувањето со современите безбедносни закани. Питомците ќе се воведат во теориската рамка на интервенција на трета страна во конфликт со цел да се осознае улогата, целите и карактеристиките на мировните операции во одржувањето на безбедноста. Истотака треба да ја осознаат комплексноста на тактиките на мировните операции и нивната употреба во различни фази од ескалација на конфликтите.

Содржина на предметната програма: Теориски основи на мирот, безбедноста и конфликтите; Дефинирање на концепциските основи: закани, ризици и предизвици; Теорија на конфликтите; Разрешување конфликти; Еволуција на мировните операции; Типови на мировни операции и нивните карактеристики; Тактики, техники и процедури во мировни операции;