Почитувани студенти,
Пред вас е посебна можност за подобрување на вештините за дигитална безбедност преку едночасовен online курс за сајбер хигиена. Овој курс го спроведува Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во партнерство со Стејт Департментот на САД и CRDF Global. По успешното завршување на курсот учесниците ќе се стекнат со соодветен сертификат во дигитална форма, како признание за стекнатите знаења и вештини.
Наслов на курот: Основни безбедносни правила во дигиталната средина
Времетраење: 60 минути
Целна група: Студенти во нетехнички и технички специјалности
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Билтен на Воената Академија бр. 111
07.06.2023
Воената академија организатор на Меѓународната конференција за воени комуникации и информациски системи (ICMCIS)
17.05.2023
Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Агенцијата за комуникации и информации на НАТО (НЦИА) и Националниот институт за истражување од Полска (НАСК) реализираше Меѓународната конференција за воени комуникации и информациски системи (ICMCIS).
Конференцијата се реализираше во Скопје, во период од 16 до 17 мај 2023 година, и истата е дел од НАТО Information Systems Technology (IST) панелот, кој е еден од седумте панели на НАТО Организацијата за наука и технологија (NATO STO).