Огласи

Конкурси

Соопштенија

Оглас за упатување на питомци од Воената академија во Скопје на Интернационален Летен камп на Воената поморска академија "Никола Вапцаров" во Варна, Република Бугарија

27.05.2024

Оглас за упатување на питомци од Воената академија во Скопје на Интернационален Летен камп на Воената поморска академија "Никола Вапцаров" во Варна

НАЈАВА: КУРС ЗА САЈБЕР ХИГИЕНА ЗА СТУДЕНТИ

20.05.2024
Почитувани студенти, Пред вас е посебна можност за подобрување на вештините за дигитална безбедност преку едночасовен online курс за сајбер хигиена. Овој курс го спроведува Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во партнерство со Стејт Департментот на САД и CRDF Global. По успешното завршување на курсот учесниците ќе се стекнат со соодветен сертификат во дигитална форма, како признание за стекнатите знаења и вештини.    Наслов на курсот: Основни безбедносни правила во дигиталната средина Времетраење: 60 минути Целна група: Студенти во нетехнички и технички специјалности

Градење на идните лидери: 53-та НАТО конференција на команданти

14.05.2024
Во периодот 07.-11.05.2024 година, високи лидери од воени и одбранбени образовни институции од целиот свет се собраа на Националниот одбранбен универзитет во Вашингтон Д.Ц., САД. На настанот активно учество зеде и деканот на Воената академија полковник д-р Митко Богданоски, редовен професор. Воведно обраќање на настанот одржаа командантот на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим Генерал-полковник Макс Нилсен, командантот на Националниот одбранбен универзиет од САД генерал-полковник Мајкл Плехн, како и Началникот на Генералштабот на сојузничката команда на НАТО за трансформација, вицеадмирал Гај Робинсон.