Вести

Новите офицери подготвени да служат на својата Армија – промоција на 14. класа питомци на Воената академија

Новите офицери подготвени да служат на својата Армија – промоција на 14. класа питомци на Воената академија

Триесет и четири питомци од 14. класа на Воената академија како и двајца слушатели на родот авијација, денеска на свеченост во касарната „Гоце Делчев“ беа промовирани во офицерски чин. По тој повод, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на новорпомовираните поручници и потпоручници им порача дека токму нивната посветеност, нивното залагање се доказ […]

Родовите аспекти во одбраната за првпат содржани во дипломска работа од питомец на на Воената Академија„Генерал Михаило Апостолски“-Скопје

Родовите аспекти во одбраната за првпат содржани во дипломска работа од питомец на на Воената Академија„Генерал Михаило Апостолски“-Скопје

На Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во текот на денешниот ден, беше одбранета дипломска работа на тема „Родовиот аспект, особините на личноста и механизмите за прилагодувањето на питомците во Воената Академија“, во која за прв пат беа содржани родовите аспекти во одбраната и безбедноста, преку интегриран пристап на продлабочена теориска разработка и практично истражување со […]

Академски бал за питомците од 14. класа на Воената академија

Академски бал за питомците од 14. класа на Воената академија

По повод завршувањето на додипломските студии на 14 класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, денес во Домот на АРМ се одржа Академски бал. По повод оваа пригода, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во своето обраќање пред присутните питомци, идни офицери во Армијата на Република Македонија најнапред го искажа своето задоволство што […]

Македонија заслужува да биде дел од НАТО-Алијансата: предавање на Сели Пеинтер на Воената академија

Македонија заслужува да биде дел од НАТО-Алијансата: предавање на Сели Пеинтер на Воената академија

„Довербата и смелоста се есенцијални за проширувањето на Алијансата. Република Македонија заслужува да биде дел од НАТО и лидерството во земјата треба да продолжи со своите активности за да ја достигне оваа цел“, рече Сели Пеинтер во своето предавање на Воената академија, на тема „НАТО самитот во Кардиф: Стратегија за проширување и искуства од претходните […]

Учество на претставници од Воената академија на тркалезна маса од областа на безбедност од пожари одржана во Свети Николе

Учество на претставници од Воената академија на тркалезна маса од областа на безбедност од пожари одржана во Свети Николе

Благодарение на потпишаниот договор за меѓусобна соработка помеѓу Министерството за одбрана и Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ – Свети Николе, на 10.05.2014 година студентите на Воената акдемија од 4. година на насоката Управување со кризи заштита и спасување присуствуваа на целодневна настава преку организирање на тркалезна маса на тема: „Организација, тактика на гаснење пожар на […]

Соработката е придобивка за сите – заклучок од меѓународниот „Летен кампус 2014“

Соработката е придобивка за сите – заклучок од меѓународниот „Летен кампус 2014“

Армискиот полигон „Криволак“ денес беше местото на кое 170 кадети од 8 земји од регионот и пошироко, имаа можност да ги покажат своите вештини и знаења кои ги стекнуваа и надградуваа за време на меѓународниот проект „Летен кампус 2014“ кој се одржуваше изминатите две недели на полигонот „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“. За […]

Хуманитарна акција на питомците – учесници на „Летниот кампус 2014“

Питомците од „Летниот кампус 2014“ во координација со Црвениот крст на Република Македонија и локалната самоуправа на општина Неготино, денес, на Центарот за луѓе со пречки во развојот „Порака” – Неготино му донираа еднодневна ужина и други подароци од сите припадници на овој меѓународен проект. Оваа активност која е дел од цивилно-воената соработка, применувајќи го […]

Посета на група студенти и професори на седиштето на НАТО во Брисел

Посета на група студенти и професори на седиштето на НАТО во Брисел

Трета година по ред благодарение на иницијативата на Мисијата на Република Македонија при НАТО и со поддршка на НАТО Дивизијата за јавна дипломатија, група студенти и професори од петте државни универзитети од Република Македонија се во посета на седиштето на НАТО во Брисел. Студентите при посетата се запознаа со тековната агенда на НАТО, новите безбедносни […]

Запознавање со културно-историското богатство на Македонија – дел од „Летниот кампус 2014“

Во рамките на четвртата фаза, учесниците на овогодинешниот „Летен кампус 2014“, имаа можност да се запознаат со културното и историско богатство на Република Македонија, а воедно и подобро да се запознаат меѓу себе и да стекнат нови пријателства. Имено, како дел од организирана тура, учесниците ја посетија Битола, каде имаа можност да се запознаат со […]

Ориентационо – кондиционен марш на непознато земјиште

Ориентационо – кондиционен марш на непознато земјиште

На третиот ден од меѓународниот Летен кампус 2014 за првпат се спроведе практичната вежба „Ориентационо – кондиционен марш на непознато земјиште“ (Land navigation) каде 144 питомци од Македонија, Соединетите Американски држави, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Косово, Германија, Црна Гора, Бугарија поделени во 18 мултинационални тимови работеа на топографска карта по НАТО стандарди со УТМ […]