Почитувани студенти,
Пред вас е посебна можност за подобрување на вештините за дигитална безбедност преку едночасовен online курс за сајбер хигиена. Овој курс го спроведува Националниот институт за сајбер безбедност и дигитална форензика од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во партнерство со Стејт Департментот на САД и CRDF Global. По успешното завршување на курсот учесниците ќе се стекнат со соодветен сертификат во дигитална форма, како признание за стекнатите знаења и вештини.
Наслов на курот: Основни безбедносни правила во дигиталната средина
Времетраење: 60 минути
Целна група: Студенти во нетехнички и технички специјалности
Огласи
03.02.2024
Конкурси
03.02.2024
Соопштенија
Втора работилница од проектот NOTIONES и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот
10.02.2023
Конзорциумот на партнери од проектот NOTIOENS успешно и согласно предвидената динамика ги реализира зацртаните цели. После неколку онлајн активности, работата продолжи со физичко присуство во периодот од 07 до 08 февруари 2023, во Билбао, Шпанија. Согласно планот за работа, се реализираа: Втора работилница од проектот и 7-мо Генерално собрание на конзорциумот NOTIONES.
Реализиран НАТО состанок со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “
03.02.2023
Воената академија, во соработка со работната група на НАТО за Напредно дистрибуирано учење (ADL), како и Partnership for Peace Consortium, организираше состанок на работната група во Скопје, во период од 01.02. - 02.02.2023 година со наслов „ADL in War: Training While We Fight Lessons from Ukraine “.
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРЕТА РАБОТИЛНИЦА ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ „FUTURE CLASSROOMS’ LEADERSHIP“ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕРАЗМУС+KA220 ПРОГРАМАТА
30.01.2023
Претставници од Воената академија земаа учество на третата работилница во склоп на проектот „Future Classrooms’ Leadership“, кој се реализираше во Таргу Џиу, Романија, во периодот од 23 до 27 Јануари 2023 година, согласно Еразмус+ KA220 програмата
За време на работилницата, се разменија искуствата меѓу партнерите во делот на одговорно користење на ИКТ за време на наставата, дозволени и недозволени активности при користење на социјалните медиуми, вметнување на содржини во дело за безбедност онлајн низ наставните програми.
Билтен на Воената Академија бр. 108
09.01.2023
Билтен на Воената Академија бр. 107
05.01.2023