Конкурс за избор на наставник на Воената академија во Скопје

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставник на Воената академија во Скопје
I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ

1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5) ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ: (515) ОДБРАНА, ОБЛАСТ: (51506) УПРАВУВАЊЕ И КОМАНДУВАЊЕ И (51510) ВОЕНИ ДОКТРИНИ – еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:
- да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“ – Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

2. Дополнителни критериуми за избор на кандидат за точка 1:
- трупна служба од најмалку 5 години;
- да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

III. Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- пријава по конкурс;
- кратка биографија (печатена и електронска);
- диплома за завршен докторат или уверение за положени испити за трет циклус (еден примерок од дипломата или уверение за положени испити за трет циклус оригинал или копија заверена кај нотар);
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.
Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА