К О Н К У Р С за избор на наставник на Воената академија во Скопје

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

 

К О Н К У Р С
за избор на наставни
к на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ

  1.  НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (1) ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ, ПОЛЕ: (105) ГЕОГРАФИЈА, ОБЛАСТ: (10502) КАРТОГРАФИЈА, (10503) РЕГИОНАЛНА ГЕОГРАФИЈА И (10508) ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ- еден (1) извршител.

 II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

  • да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

2. Дополнителни критериуми за избор на кандидат за точка 1:

  • трупна служба од најмалку 5 години;
  • да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

III. Кандидатите треба да ги достават следните документи:

  • пријава по конкурс;
  • кратка биографија (печатена и електронска);
  • диплома за завршен докторат (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
  • странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
  • список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
  • уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.
Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА