ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ПОСТОЈАНО ВО ЧЕКОР СО НОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО Е-УЧЕЊЕТО

Под покровителство на НАТО ДЕЕП програмата (NATO DEEP) и Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC), а реализирани од Универзитетот Вармиа и Мазури, Олштин, Полска, во периодот од октомври 2020 до јуни 2021 година реализирани се последипломски студии за стекнување и усовршување на знаења и вештини од областа на оналјн учењето. Целта на студиите е да го подготви воениот и цивилниот наставен кадар во професионалните институции за воено образование успешно да планираат, создаваат и спроведуваат висококвалитетна онлајн настава.

Помеѓу 25 учесници од Грција, Турција, Србија, Ерменија, Авганистан, Азербејџан, Грузија, Тунис, Мароко, Португалија, Литванија и Украина свои двајца претставници имаше и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. По завршување на студиите, кандидатите се стекнаа со диплома за завршени магистерски студии за Е-наставник и е-инструктор во согласност со Европскиот кредит трансфер систем. Со учеството во овој престижен меѓународен проект, Воената академија го потврди своето место на мапата на НАТО во областа на активностите за далечинско учење и продолжи да ги развива капацитетите за квалитетно високо образование.

На церемонијата за доделување на потврдите за завршени студии претставничката од Воената академија, Елена Трајановска беше прогласена за најдобра студентка за време на студиите и ѝ беше врачена наградата Жан дАндуриан што претставува потврда дека Воената академија во целост ги следи најновите трендови во образованието и гради стручен и конкурентен наставен кадар.