Воената академија со реализација на CYBER SECURITY DRILL (Tabletop Exercise – TTX) уште еднаш докажа дека е еден од лидерите во областа на сајбер безбедноста во регионот

Воената академија повторно препознаена како еден од лидерите во областа на сајбер безбедноста во регионот. Овојпат со поддршка на Стејт департментот на САД, заедно со CRDF GLOBAL и Иницијативата за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент – C3I Скопје, Воената академија е организатор на CYBER SECURITY DRILL (Tabletop Exercise – TTX).

Учество во работилницата земаа преку 30 учесници од регионот кои се сајбер професионалци од CERT/CSIRT, клучен јавен и приватен сектор поврзан со сајбер-безбедноста, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура.

Главна цел на вежбата е градењето на капацитети, покрај ова, целта е и зајакнување на вештините на учесниците во тестирањето и оценувањето на владините структури, процеси и способности поврзани со реакцијата и опоравување при даден сајбер инцидент, како и да обезбеди основа со која владините засегнати страни ќе може да ги идентификуваат и соодветно да одговорат на настани поврзани со капацитети за справување со сајбер инциденти.

Деканот на Воената академија професор д-р Митко Богданоски го отвори настанот со воведно обраќање како и воведна презентација на тема „Соочување со современите предизвици за сајбер-безбедност“. Свое излагање имаше  и  професор д-р Методи Хаџи-Јанев, со тема „Стратешките и правните аспекти на управување со одговорите на сајбер-загрозените закани“. Покрај горенаведените професори од Воената академија, значително учество во подготовката и реализацијата на вежбата земаа проф. д-р Димитар Богатинов и асситент м-р Гоце Стеваноски.

Во текот на утрешниот ден учесниците ќе се вклучат во замислено сценарио дизајнирано да одговара на целните земји динамика во сајбер-безбедноста, критична инфраструктурна заштита и предизвици за сајбер -одбрана.