Во период од 09-11 Април 2017 година се одржа 7-мата по ред работилница поврзана со SIARS (Smart I (eye) Advisory Rescue System) проектот

Во период од 09-11 Април 2017 година во Хотел Бест Вестерн – Хотел Турист, се одржи 7-тa по ред работилница поврзана со SIARS (Smart I (eye) Advisory Rescue System) проектот. Учество на состанокот земаa претставници од:

  •  НАТО програмата за мир и безбедност (експерти);
  • Факултет за електротехника, Универзитет Љубљана, Словенија;
  • Факултет за медицина, Универзитет Љубљана, Словенија;
  • Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“– Скопје, придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Штип, Македонија;
  • Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), УКИМ, Скопје, Македонија;
  • Факултет за информатика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Штип, Македонија;
  • Претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Фокус на состанокот беше:

  •  Подготовка на извештајот за втората година од проектот;
  • Евалуација на проектот од страна на поканетите експерти/советници и директорите/кодиректорите на проектот;
  • Презентирање на моменталните истражувања од страна на младите истражувачи;
  • Клучни задачи за идните шест месеци поделено по тимови.

Проектот SIARS се состои од моделирање, развивање и интеграција на постоечките избрани Информациски системи (ИС) во нов современ телемедицински ИС којшто ќе овозможи спасување на поголем број повредени лица и ќе ја намали смртноста на бојното поле, во акции во кои учествуваат и војници на АРМ. Крајниот резултат од проектот ќе овозможи трансфер на информациите за повредените војници, VIP или цивили на боиштето во однос на опис на повредата, генерални податоци за повредениот и други општи податоци, како и трансфер на податоци за витални знаци на живот како пулс, притисок и др., без при тоа да се запишува во книги или друга тип на евиденција.

Информациите кои се трансферираат ќе бидат во дигитален облик со кои се минимизира улогата и влијанието на човечкиот фактор, а од друга страна, медицинска установа во театарот на борбените дејства ќе може да комуницира со персоналот за време на транспортот, при што врз основа на податоците online трансферот на податоци за симптомите на повредениот или повредените ќе се овозможи да се даваат совети кои медицински процедури да се превземат, а воедно и ќе биде подготвена да го превземе повредениот со целокупна слика за неговата состојба.

Дополнителни податоци за проектот може да се најдат на следниве линкови:

http://www.ma.edu.mk/?page_id=1555

http://siars-nato.finki.ukim.mk/

Со учеството на Воена Академија во овој проект се зголемува соработката и координацијата на меѓународните учесници во НАТО предводените мисии. Овој систем ќе овозможи поефикасно спасување и на цивилни жртви во услови на природни катастрофи (земјотреси, пожари), при што бенефит ќе има и целото население на РМ.