ИЗВЕСТУВАЊЕ за кандидати за запишување на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје

Врз основа на член 24, а согласно член 26 од Правилникот за условите, критериумите, начинот и постапката за спроведување на јавен конкурс и постапката за избор на кандидатите за запишување на прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување на прв циклус на студии ќе биде објавена по добивање на сите резултати по приговорите и одговорите од второстепената воено-лекарска комисија на ден 31.08.2020 година.