Интегрирана завршна вежба: „Методи и постапки на извидување, идентификација и деконтаминација на РХБ агенси“

Во  период од 24 до 25.03.2022 година во време од 09-14 часот во касарната Чојлија во Петровец се изведе интегрирана завршана вежба на тема: „Методи и постапки на извидување,идентификација и деконтаминација на жива сила од присуство на РХБ агенси“.

Интегрираната завршна вежба беше изведена од страна на Американската агенција за намалување на закани за одбраната USA DTRA (Defence, Threat, Reduction, Agency) и единицата АБХО од нашата армија.

Имено почнувајќи од далечната 2006 година па наваму, во континуитет САД активно придонесуваат во модернизација и полнување на единицата АБХО со материјални и технички средства за радиолошка, хемиска и биолошка: детекција, идентификација, извидување, набљудување и деконтаминација.

Последниве неколку години АБХО опремата која е донирана од страна на САД е во вредност од неколку милиони евра. Се работи за опрема која е во потполност инкомпатибилна и интероперативна со развиените земји членки на НАТО.

На вежбата беа присутни дел од предметните наставници на Воената академија, носители на предметите Радиолошка, хемиска и биолошка деконтаминација, полк. д-р Орце Поповски, ред. проф. и д-р Росе Смилески, ред. проф., полк. во пензија,  како и носителите на предметот Тактика АБХО п.полк. д-р Андреј Илиев, ред. проф. и п.полк. Игор Никчевски.

Од единицата АБХО во делот на успешна подготовка и целосна реализација на вежбата значителен придонес дадоа командирите кап. Иван Жежов и кап. Генц Дилавери.

Оваа вежба е плод на повеќе годишната соработка на Воената академија, единицата АБХО и САД во делот на подобрување на капацитетите и способностите на единицата како во опремување и модернизација на опремата, така и во делот на сеопфатно и ефикасна превенција и одговор на идни можни РХБ закани за националната безбедност и безбедноста на државите членки на НАТО.

Интегрираната завршна вежба обединува повеќе практични целини од предметите Радиолошка, хемиска и биолошка деконтаминација и предметот Тактика АБХО кои питомките од родот АБХО ги изучуваат во осмиот семестар од нивното школување согласно Студискиот план и програм за школување на офицери од родот АБХО. Наведените предмети преставуваат темел за развој на нивната понатамошна офицерска кариера во рамките на родот АБХО и во структирите на оперативните единици на НАТО кои се специјализирани за превенција на РХБ агенси.

Целта на оваа интегрирана  завршна вежба е да се претстави практичната работа на надлежните институции на национално и меѓународно ниво, подобри интероперабилноста и стандардизацијата меѓу одговорните национални субјекти за рана детекција, идентификација, дозиметрија, деконтаминација и превенција на РХБ агенсите согласно НАТО Станаците за АБХО и Стандарните оперативни процедури за РХБ превенција на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Токму суштината на самата вежба е да се направи координирана интеграција на задачите на надлежните национални субјекти за ефикасно справување со РХБ агенсите согласно стандардите на развиените држави членки на НАТО. Во оваа насока целите на интегрираната завршна вежба беа:

  • Спроведување на НАТО директиви и стандарди за ефикасно: РХБ набљудување, извидување, детекција, идентификација, дозиметрија и деконтаминација на радиолошки, хемиски и биолошки агенси
  • Предлог на нови модели на практична обука во насока на поефикасна превенција и справување со РХБ агенси
  • Практична имплементација на најдобри практики искуства за РХБ извидување, идентификација и деконтаминација кои  ги спроведуваат државите членки  на НАТО.

Агендата на интегрираната завршна вежба ги опфати следниве тематски целини кои практично се обработија:

  • Воведен дел во кој присутните се запознаа со практичната употреба на целокупната АБХО опрема за: извидување, набљудување и деконтаминација;
  • Улогата на командирот и единицата во справување со РХБ инциденти;
  • Тактички методи и постапки при извидување на РХБ правец и реон;
  • Практична работа на органите АБХО на извидување и идентификација на РХБ агенси;
  • Тактички постапки на АБХО тимовите при земање на РХБ примероци од воздух, земја и вода за понатамошна лабораториска анализа;
  • Тактички операции за АБХО во различни природни средини;

Интегрираната завршна вежба се реализираше преку следниве последователни чекори:

  • Воспоставување и работа на примарна контролна точка за рана РХБ детекција;
  • Идентификација и дозиметрија на РХБ агенси за време на секундарната контрола;
  • Превземање на примарни мерки и постапки за РХБ заштита;
  • Превземање на секундарни мерки и постапки за РХБ заштита;
  • Завршни мерки и постапки за РХБ заштита и целосна неутрализација на РХБ агенсите од жива сила, објекти, материјално технички средства и друго;

На крајот оваа вежба е само подготовка за курсот во НАТО центарот за извонредност во Вишов, Република Чешка на кој  учество ќе земат и питомците од родот АБХО, а истиот ќе се реализира од 15.05-21.05.2022 година.