Одржана работилница на тема „Развој на наставни програми“ од страна на претставници на програма на НАТО за унапредување на образованието во одбраната – NATO DEEP

Во период 19.03. – 23.03.2018 година, со цел подобрување на едукативниот процес во Воената академија, беше одржана петдневна работилница на тема „Развој на наставни програми“.

Работилницата беше продолжение на претходната работилница која се одржа од 12-16 Февруари 2018 година на тема „Образование на возрасни и методологии на предавање“, и истата е организирана во рамките на отпочнатиот проект на Воената академија со НАТО Програмата за подобрување на образованието во одбраната (DEEP), а за таа цел од страна на DEEP беа ангажирани двајца експерти, по еден од САД и од Р. Хрватска, кои се сертифицирани обучувачи за развој на наставни програми.

Програмата за работилницата им овозможи на воените и цивилните професори од Воената академија да дискутираат и да размислуваат за принципите и техниките за развој на наставните програми и ги опфати следниве теми:
• Мешано – комбинирано учење,
• Скриени наставни програми,
• Ефективно учење и предавање,
• Наставни стратегии,
• Цели на пишување на лекции,
• Компјутерски базирани предавања,
• Проект за модели на наставни програми,
• Подготовка на проект за развој на план за наставните планови.

Дополнително беше разгледан и пристапот на војската на САД во развој на наставни програми како и НАТО/Хрватскиот модел, а беа и изведени групни задачи за креирање на наставни програми на претходно дефинирани теми.

По завршување на работилницата, а врз основа на развиените дискусии за време на работилницата, беа дефинирани понатамошните чекори на соработката помеѓу експертите и вработените во Воената академија. Согласно договореното, во идниот период е планирано да се реализираат дополнителни работилници и обуки согласно искажаните потребите од страна на наставниот кадар на Воената академија.