Официјална посета на делагација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина

На ден 20 февруари 2018 година, делагација од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина на чело со Г-дин Сеад Муратовиќ кој е помошник министер за управување со персонал,  ја посети Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

8

На почетокот од посетата, Г-дин Муратовиќ оствари средба со питомците од Босна и Херцеговина кои во моментов се на школување на Воената академија и искажа благодарност за можноста за школување на питомци од Босна и Херцеговина на нашата Академија, задоволство од квалитетот на досега дипломираните и промовирани млади офицери, како и намера овој вид на соработка да продолжи со истиот интензитет и во иднина.

viber image

За време на посетата делегацијата од Босна и Херцеговина посебен акцент се стави и на активностите на Воената академија во областа на сајбер безбедноста, како и неодамна објавениот конкурс за постдипломски студии од областа на Сајбер безбедност и дигитална форензика, при што беше напоменато дека се доста заинтересирани за соработка, како и дошколување на нивни кадар, во оваа област.

Деканот на Воената академија, проф. д-р Орце Поповски, полковник го истакна задоволството од досегашната соработка во областа на високото образование и се заблагодари што Босна и Херцеговина ја избра Воената академија за школување на своите идни офицери, со што Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ доби можност да се промовира и етаблира како високообразовна институција од регионален карактер. Исто така, тој нагласи дека Воената академија во рамките на своите можности ќе вложува во подигнувањето на стандардите и квалитетот на обрзовниот процес следејќи ги модерните трендови на полето на одбраната и безбедноста во земјите членки на НАТО.