Официјална посета на делегација од Воената академија на Република Австрија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Република Македонија

Во периодот од 8-10 ноември 2017 година остварена е официјална посета на делегација од Воената академија на Република Австрија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Австриската делегација беше предводена од страна на генерал-мајор м-р Карл Пронхагл. За време на посетата беа презентирани можностите и капацитетите на двете воени академии и разменети конкретни идеи за идна соработка помеѓу двете институции.

Генерално, идната соработка ќе се темели на размена на питомци и професори, а поконкретно, учество на питомци од Воената академија на Австрија на меѓународниот безбедносен проект „Летен кампус“, размена на питомци со едносеместрален престој на билатерална основа или преку програмата Еразмус +, како и размена на професори  од двете институции со предавања по покана.

Исто така, беше разговарано за можноста за размена на студенти од специјализацијата за командно-штабни должности низ краткотрајни студиски и научно-истражувачки престои со цел подигање на квалитетот на изработката на стручно-специјалистичките трудови.