Учество на третиот по ред натпревар, ALL-EUROPEAN INTERNATIONAL HUMANITARIAN AND REFUGEE LAW MOOT COURT COMPETITION, во организација на Правен факултет при Универзитет Љубљана

Питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во деновите од 20 до 24 Ноември 2018 година, учествува на трети по ред натпревар, ALL-EUROPEAN INTERNATIONAL HUMANITARIAN AND REFUGEE LAW MOOT COURT COMPETITION, во организација на Правен факултет, Универзитет Љублана, од Словенија. Натпреварот беше предводен од prof. d-r Vasilka Sancin како и од врвни експерти со подршка од Меѓународниот комитет на Црвениот крст како и Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци.

Студентите/питомци Стефан Андреев, Ангела Нешовска и Никола Јовановски заедно со предметниот наставник по Меѓународно воено и хуманитарно право д-р Тони Ѓоргиев, вонреден професор, потполковник од Воената академија се натпреваува со 17 (седумнаесет) тимови од 16(шеснаесет) Европски Универзитети.

Со постигнатите резултати и со натпреварувачкиот дух учесниците покажаа одлично познавање на меѓународната воено и хуманитарно право, меѓународното кривично право како и справување во случај на криза од мигранти и бегалци. Со симулација на судски процес од страна на учесниците во Уставниот суд во Љубљана-Словенија е завршен натпреварот.