Посета на Факултетот за електротехника и информатика при Универзитетот во Загреб, Р. Хрватска

Screen Shot 01-28-18 at 08.40 PM

На ден 25.01.2018 година, продеканот на Воената академија, пполк. д-р Митко Богданоски, вон. проф., реализира работна посета на Факултетот за електротехника и информатика, при Универзитетот во Загреб, Р. Хрватска.

Проф. Богданоски најпрвин имаше работен состанок со новоизбраниот декан на Факултетот, вон. проф. Д-р Гордан Гледец, досегашен продеканот за наука, со кого дискутираа за можноста за соработка помеѓу двете институции во полињата од заеднички интерес, со посебен акцент на областа на сајбер безбедноста, како и други области кои се од значај за двете институции. Констатирано беше дека во дел од програмите, како и во дел од проектите на ФЕИ се третира и примената на технолошките достигнувања во воените операции, што исто така може да претставува значајна можност за соработка преку заедничко аплицирање на проекти спонзорирани од разни фондови. Новиот декан на ФЕИ изрази задоволство од посетата, која воедно беше и негова прва официјална меѓународна средба после неговиот избор и кажа дека е подготвен да даде поддршка на било каква идна соработка помеѓу двете институции.

Picture4

Дополнително на ова, проф. Богданоски реализира посета на Одделот за електронски системи и обработка на информации при ФЕИ, каде оствари средба со проф. д-р Предраг Пале, со кого се отвори дискусија и се разменија идеи за конкретни чекори на соработка кои би можеле да се реализираат во блиска иднина. Воената академија веќе има долгогодишна соработка со овој оддел, а посебно со проф. Пале, кој континуирано ги поддржува сите активности организирани од страна на Воената академија, а се во областа на сајбер безбедноста.

12333