Прв академски час за идните офицери од Воената академија

На ден 08.10.2018 година, во Воената академија во Скопје се одржа првиот академски час за најмладите питомци – идни офицери.

На воведниот час присуствуваше и Министерската за одбрана м-р Радмила Шекеринска Јанковска која на питомците им посака успешен почеток на новата академиска година. Дополнително, Министерката за одбрана ја информираше јавноста дека  е потпишан договорот за набавка на околу 7.200 пара чизми за секој припадник на Армијата, со што се забележува значителен напредок и во состојбата на личната опрема за секој македонски војник, подофицер и офицер.