ПРИДОНЕС НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ВО ОБЛАСТА НА ОДРЕДУВАЊЕ И УБЛАЖУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ТЕХНОЛОШКИ КАТАСТРОФИ

Воената академија имаше уште еден значаен придонес во напредниот курс со наслов “Одредување и ублажување на ризикот од технолошки катастрофи” организиран од страна на Кабинетот на премиерот на Република Турција, одржан во Анталија (Р.Турција) во периодот 25.10.-27.10.2017 година.

Главен предавач и модератор на активноста беше полковник д-р. Методи Хаџи-Јанев, вонр. проф кој одржа предавање под наслов “Ублажување на катастрофи во регионот на Југоисточна Европа: Случајот на Македонија” Овој дводневен курс вклучуваше серија говори и предавања, а на наго учествува учесници од Република Турција и на земјите од Југоисточна Европа.